Фудбалската федерација на Македонија денес нè потсети на еден убав момент кој се случи на денешен ден, 12 август 2009 година.
Имено, на Градскиот стадион во Скопје тогаш се прослави 100 годишнината од македонскиот фудбал, како и отворањето на новата трибина со пријателски натпревар меѓу Македонија и Шпанија.
Тогашниот европски шампион беше можеби во својот најсилен состав, но тоа не го спречи нашиот Горан Пандев два пати да ја погоди мрежата со што предизвика ерупција на преполниот стадион и водство на Македонија на полувремето од 2-0.
На крајот нашата репрезентација изгуби со 2-3, но моментот кога водевме против големата и силна Шпанија остана врежан кај многу љубители на фудбалот во Македонија до ден денес.
Потсетете се и вие на моментите кога Градски звучеше токму онака како што треба да звучи секој пат кога игра нашата репрезентација, без разлика дали е тоа против гиганти како Шпанија или против било кој помал противник.



