Незапирливиот шпански тениски ас, Карлос Алкараз, со вечерашната победа над Хамад Меџедовиќ успеа да дојде до извонредната бројка од 50 победи годинава.
Тој го совлада Меџедовиќ со 2-0 или 6-4, 6-4 во сетови на турнирот во Синсинати, со што успешно се пласираше во осминафиналето.
Алкараз ја продолжува својата успешна низа на тениски успеси, а пред младиот Шпанец претстојат уште многу значајни титули и победи доколку продолжи со ваквата игра.

Во моментов, единствен кој му стои на патот на успехот е италијанскиот тенисер Јаник Синер, кој моментално се наоѓа на врвот на АТП листата, а беше подобар од Алкараз и во неодамнешното финале на Вимблдон.
Според прогнозите, двајцата тенисери би требало да се најдат и во финалето на турнирот во Синсинати, но дотогаш и двајцата ќе треба да поминат уште неколку пречки.
Battle tested 😤@carlosalcaraz x #CincyTennis pic.twitter.com/SUQqjLfXBv
— Cincinnati Open (@CincyTennis) August 12, 2025



