Синер, Сабаленка, Алкараз и Швјонтек со изненадување за фановите во Синсинати

 

Објавено:

Неколку среќни тениски љубители беа поканети на незаборавна средба со своите омилени тенисери. Но, она што ја направи таа средба уникатна беше начинот на кој тие беа повикани, најпрво мислејќи дека само снимаат пораки за нивните фаворити.

Фановите беа запрашани зошто ги поддржуваат своите омилени тенисери и што би ги прашале доколку имаат шанса нивната порака да биде пренесена до нив, но она што не го знаеја е дека тенисерите беа од другата страна на завесата.

Најпрво, Синер, Сабаленка, Алкараз и Швјонтек стоеја мирно слушајќи ги фановите, за потоа да им одговорат преку екраните директно на нивните прашања.

И кога среќните фанови мислеа дека тоа е врвот на ова изненадување, следеше и запознавање во живо со нивните тениски љубимци. Погледнете го ова симпатично видео.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено