По вчерашната одлука на Ла Лига да пресели еден од своите натпревари од регуларната сезона на американско тло, навивачите на Виљареал не беа воодушевени, велејќи дека сакаат да го бодрат својот тим на домашен терен, особено против таков противник како Барселона.
Станува збор за одлуката мечот меѓу Виљареал и Барселона кој треба да се одигра на 20 декември да биде преселен за прв пат во историјата во Мајами, во обид на Ла Лига и клубовите да ја зголемат популарноста во САД, но и контото на нивните сметки.
Денес се огласи и претседателот на Виљареал, Фернандо Роиг, кој во прес-конференцијата истакна дека се свесни за незадоволството кое се јавило кај одредени навивачи во врска со натпреварот, но и дека преземаат мерки да помогнат на навивачите да го бодрат својот клуб дури и во Мајами.

“Постојат големи шанси дека ќе имаме историска шанса да одиграме ваков натпревар, затоа што ќе бидеме првиот тим кој ќе има можност да одигра домашен натпревар надвор и тоа важен натпревар како оној против Барселона, доколку се среди целосната документација”, вели тој во видеото објавено од клубот.
“Свесни сме дека некои од нашите навивачи нема да бидат среќни, но ќе имаме можност да прославиме и веќе преземаме мерки за тоа”, додава претседателот на Виљареал.
Според него, клубот ќе понуди можност на сите оние кои имаат сезонски билети да отпатуваат бесплатно во Мајами за да го бодрат клубот, а оние кои нема да сакаат да патуваат, ќе добијат рефундација од 20% од цената која ја платиле за сезонските билети.
Дали ваквиот потег ќе биде доволен за смирување на навивачите останува да видиме, а се чека и официјалното одобрување до страна на УЕФА кои допрва треба да одобрат желбата на Ла Лига.
Villarreal president Fernando Roig has announced that should Villarreal vs Barcelona be played in Miami, ALL SEASON-TICKET HOLDERS will be able to have free travel to the match, along with a free ticket.
Those who do not want to travel will get 20% back from the price paid on… pic.twitter.com/DCo3VeLida
— Villarreal CF English (@VillarrealCFen) August 12, 2025



