Медисон емотивен пред денешниот Суперкуп: “Ова е најниско што сум бил!”

 

Објавено:

Еден од клучните играчи на Тотенхем, Џејмс Медисон, нема да може вечерва да му помогне на својот клуб во борбата против гигантот ПСЖ, поради повредата со која се здоби за време на пријателскиот меч против Њукасл од претсезонското загревање во Сеул.

“Ова е најниско што сум бил. Скршен сум што оваа повреда се случи во ваков момент од мојата кариера. Со Суперкупот, сезоната на Премиер лигата и возбудливиот влез во Лигата на шампионите, како и Светското првенство за Англија, оваа повреда изгледа многу многу сурово. Но, сепак операцијата помина успешно и сакам да се заблагодарам на сите мои блиски пријатели и семејството, вашата љубов и поддршка ми значат сè на светот”, пишува во емотивната објава на играчот од средниот ред.

Извор: https://x.com/SpursOfficial

Тој им се заблагодари и на сите навивачи кои постојано му испраќаат пораки за побрзо заздравување: “На сите оние кои се потрудивте да ми пишете за да ме поддржите и да ми посакате побрзо оздравување и покрај тоа што не се знаеме лично, ве ценам повеќе од што можете да замислите”.

“И за крај, за сите оние кои се сомневаат, шират омраза и се зафркаваат. Вие навистина ме мотивирате да достигнам нивоа кои не сум мислел дека можам внатре во себе, па повторно, ви благодарам и вам”, завршува Медисон.

Неговиот клуб вечерва ќе се соочи со далеку пофаворизираниот ПСЖ, па сигурно на фудбалерот ќе му биде тешко да го следи натпреварот на ТВ екранот во болничката соба наместо на теренот.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено