10.8 C
Skopje

Принудна замена во македонската репрезентација: Без Мекиќ против Романија

Објавено:

Селекторот Илиевски ќе мора да направи две измени во составот за претстојниот реванш натпревар против Романија, откако Адем Мекиќ поради повреда мораше да се повлече од првиот тим. Своето деби на натпреварот ќе го има младиот Никола Василевски, кој за прв пат ќе заигра за сениорскиот тим во Орадеа.

На натпреварот кој е закажан за денес во 18 часот, на гости во Романија, нашите кошаркари ќе пробаат да ја најдат својата шанса во рамките од претквалификациите за Светскиот Куп во 2027 година.

На местото на Мекиќ селекторот Илиевски реши да го постави Марко Миловановиќ, додека Василевски ќе заигра на местото на Тома Стојаноски.

“Адем Мекиќ, едeн од најискусните во нашата репрезентација, проба, но не го издржа оној ‘главен тренинг’ пред вториот меч со Романија во рамките од претквалификациите за Светскиот Куп во 2027 година”, се вели во соопштението на веб страната на кошаркарската федерација.

На Мекиќ му посакуваме побрзо заздравување, а на нашите момци им посакуваме успех во денешниот натпревар.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено