4.8 C
Skopje

Тотенхем води на полувремето против фаворитот ПСЖ!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Големо изненадување е резултатот на полувремето на Суперкупот кој се игра во Удине вечерва. Тотенхем го води гигантот ПСЖ со 1:0, откако Мики Ван де Вен успеа да ја собере одбиената топка по ударот на Палиња.

Почетокот на натпреварот не донесе некои големи возбудувања, а првата поголема шанса ја имаа Тотенхем кога ја погодија пречката, за потоа да имаат шанса и ПСЖ, но не успеаја да ја искористат.

Извор: https://x.com/SpursOfficial

Сепак, пред самата завршница во 39-та минута Мики Ван де Вен успеа да ја собере топката и да донесе водство за голема радост на навивачите кои допатуваа до Италија да го бодрат победникот на Лига Европа. Кликнете тука за да видите како изгледа гол вреден за водство во Суперкупот!

Сега на потег се гигантот ПСЖ, кои треба да најдат начин во второто полувреме да постигнат погодок, доколку не сакаат финалето да заврши како она против Челси на Светското клупско првенство.

Извор: https://x.com/SpursOfficial

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено