Македонската кошаркарска репрезентација е елиминирана од претквалификациите за Светскиот куп 2027, откако по вторпат на идентичен, болен начин загуби од Романија, овојпат на гостински терен со резултат 79:66.
Натпреварот во Орадеа беше трагична реприза на оној во Куманово. Нашите кошаркари одиграа одлично второ полувреме, успеаја да стопат двоцифрена негатива и на само три минути до крајот дојдое на само три поени разлика (69:66).
И токму кога се чинеше дека пресвртот е можен, следуваше целосен колапс. Во последните три минути, Романија направи серија од 10:0, со што дојде до победа со резултат кој воопшто не ја отсликува реалноста на теренот.
Овој пораз е уште еден доказ за хроничниот проблем на нашата репрезентација – неможноста да се добијат неизвесни натпревари.
Подетална анализа од натпреварот можете да прочитате на официјалната страница на КФМ.