ПСЖ го освоија Суперкупот на УЕФА, откако вечерва на пенали успеаја да го совладаат Тотенхем во трилер натпревар во кој до последните минути од регуларниот дел изгледаше дека францускиот гигант ќе замине дома поразен.
Откако Тотенхем ги изненадија Французите во првиот дел со голот на Мики Ван де Вен во 39-та минута, надежите на Англичаните дополнително се зголемија кога новиот капитен Кристијан Ромеро успеа на самиот старт од второто полувреме во 48-та минута да ја погоди мрежата за водство од 2-0.

Иако статистиката со дури 75% посед на топката одеше во прилог на ПСЖ, сепак резултатот одеше во прилог на Тотенхем сè до 85-та минута кога Ли успеа да погоди за намалување на предноста.
Но, по завршетокот на регуларниот дел, навивачите на “Спарс” веќе почнаа да го слават историскиот успех, за славењето да биде прекинато од нововлезениот во игра Рамос, кој влезе на местото на Дезире Дуе и успеа со глава да ја протне топката во голот во 94-та минута.
Пеналите не започнаа најдобро за ПСЖ кога Витиња го промаши првиот пенал, но сепак на крајот успеаја да дојдат до победа со резултат 4:3 и за прв пат во нивната богата историја да го освојат трофејот на Суперкупот. Погледнете ја пенал завршницата тука.




