И официјално: Гранит Џака е новиот капитен на Сандерленд

 

Објавено:

Пред самиот старт на новата сезона од Премиер лигата, на новиот играч во Сандерленд, Гранит Џака, му беше дадена честа да ја носи капитенската лента.

Искусниот швајцарски репрезентативец, кој има 137 настапи за националниот тим каде ја носи лентата од 2020 година, претходно беше капитен на Борусија Менхенгладбах и Арсенал, а во неколку наврати го предводеше и Бајер Леверкузен во историскиот период на клубот.

32-годишниот Џака не ја криеше гордоста: “Ова е огромна чест, да бидам капитен на Сандерленд и дел од историјата на клубот. Ќе се трудам да го покажам моето лидерство и на теренот и надвор од него. Секогаш барам максимум од себе и од моите соиграчи. Јас сум победник и сакам да победувам, а очекувам истото од сите во тимот”.

Извор: https://x.com/SunderlandAFC

Менаџерот Режис Ле Брис ја пофали одлуката: “Во Премиер лигата ни требаат конзистентност, зрелост и искуство, а Гранит ги има сите тие квалитети. Неговото однесување и квалитет на теренот веќе се чувствуваат, а неговото лидерство ќе биде клучно додека се прилагодуваме на новиот предизвик. Џака ќе биде дел и од поширок лидерски тим, кој ќе го комплетираме по завршувањето на летниот преоден рок”.

Џака ќе го предводи Сандерленд во нивното враќање во Премиер лигата, подготвен да внесе борбеност и победнички менталитет во секој меч.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено