Џејкоб Ремзи пред трансфер во Њукасл, постигнат договор со Астон Вила

 

Објавено:

Тимот од северот договорил уште еден трансфер пред истекот на летниот трансфер прозорец. Имено, Њукасл Јунајтед и Астон Вила постигнаа договор за трансфер на англискиот репрезентативец до 21 година, Џејкоб Ремзи. “Црно-белите” ќе платат 39 милиони фунти веднаш, плус дополнителни 5 милиони во бонуси кои се потешки за остварување.

Ремзи ќе патува во североисточна Англија во четврток за да ги заврши медицинските прегледи, а договорот со играчот се очекува да биде официјализиран во следните 24 часа.

Астон Вила, која оваа сезона ќе настапува во Лига Европа, го продава играчот за да ги исполни финансиските барања на УЕФА според правилото за трошоци на составот и правилото за заработка од фудбалот.

Извор: https://x.com/AVFCOfficial

Иако интерес покажале и Вест Хем, Тотенхем и Нотингем Форест, Ремзи ја избрал понудата на Њукасл како своја прва опција.

Дебито на 24-годишниот играч најверојатно ќе доцни и нема да се случи на отворањето на сезоната, кога Астон Вила ќе го пречека токму Њукасл.

Ремзи, кој има 167 настапи за Вила откако дебитираше во 2020 година, минатата сезона одигра 45 натпревари, постигна еден гол и забележа пет асистенции, но имаше и проблеми со повреди.

Ова лето, Њукасл веќе ги доведе Малик Тијао од Милан, голманот Арон Ремсдејл на позајмица и направи повеќе обиди за Бенјамин Шешко, кој на крајот заврши во Манчестер Јунајтед. Според “The Athletic”, клубот размислува и за трансфер на напаѓачот на Порто, Саму Агехова.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено