“Меси е најдобриот според мене” – сигурно не се зборовите кои навивачите на Реал Мадрид сакаат да ги слушнат, особено не од нивен играч, но токму тоа се случи на првата прес конференција која Мастантуоно ја имаше како нов играч на клубот.
Имено, младиот Аргентинец Франко Мастантуоно денес беше претставен како нов играч на Реал Мадрид, по што тој имаше прес-конференција пред новинарите.
На прашањето кој според него е најдобриот фудбалер на сите времиња, тој одговори кратко: “Јас сум Аргентинец, за мене најдобриот во светот е Лео Меси. Немам што повеќе да додадам околу тоа”.
Иако изјавата веднаш предизвика реакции кај Мадритистите, сепак искреноста на младиот талент мора да се цени, а неговото време во клубот допрва ќе докаже дали тој ќе ги следи стапките на успех на неговиот идол.




