Синер експресно до полуфиналето во Синсинати!

 

Објавено:

Јаник Синер е првиот полуфиналист на турнирот во Синсинати, откако вечерва го совлада противникот Феликс Оже-Алијасим со 2:0.

Канаѓанецот успеа да му земе само два гема во вториот сет на светскиот тенисер број еден, па конечниот резултат во сетови беше 6-0, 6-2, со што Синер експресно дојде до полуфиналето.

Синер со ова е поблиску до одбраната на титулата од лани, а уште еден импресивен податок е што ова беше 25 последователна победа за него на тврдите терени, со што се приклучи на елитното друштво на Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер, Енди Мареј и Рафаел Надал, кои го постигнаа ова во последниот век.

Следен предизвик за Јаник Синер ќе биде полуфиналето, каде ќе се сретне со победникот од мечот помеѓу Холгер Руне и Теренс Атман.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено