(Видео) Несекојдневен пречек за Томас Милер во Ванкувер!

 

Објавено:

Легендата на германскиот фудбал, Томас Милер, реши да ја продолжи својата кариера во МЛС лигата, па ова лето се пресели од Баерн Минхен во канадскиот клуб Ванкувер Вајткепс.

Но, иако во европа сме навикнати на пречек на новите фудбалери од страна на официјалните лица на клубот, навивачите и можеби спонзорите, според традициите во Ванкувер, Милер беше пречекан од страна на поглаварот Вејн Спероу (yəχʷyaχʷələq) од индијанското племе Мусквам.

Поглаварот Вејн Спероу е клучен во унапредувањето на културата и економскиот развој, а племето Мусквам има огромно влијание врз развојот на Ванкувер.

Погледнете го видеото од оваа интересна средба.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено