Во моментов дресот од новиот клуб на јужнокорејскиот фудбалер Хеунг-Мин Сон во Лос Анџелес е најпродаван спортски дрес во светот. Американскиот консумеризам не е ништо ново, но изненадувачки е фактот што продажбата на дресот на Сони, ја надмина онаа на Меси и Леброн.
Откако пред неколку дена беше објавено дека продажбата предизвикала пад на веб продавницата на ЛАФЦ, вчера беше објавено дека дури и 3ХЛ дресовите што биле останати како последни биле распродадени.
Хеунг-Мин Сон се пресели преку океанот ова лето во МЛС лигата, после неговата легендарна кариера со Тотенхем во Премиер лигата, а неговиот трансфер достигна највисока историска цена за трансфер во МЛС.

“Ова е веќе втора недела во која не зборуваме веќе само за највисоката продажба на фудбалски дрес во МЛС лигата, зборуваме за најпродаван дрес во било кој спорт во светот”, изјави Тарингтон во интервјуто за “TalkSport”.
После неверувањето на новинарот, Тарингтон објасни дека во моментов Сон не ги надминува само сите фудбалери, туку и сите спортисти во светот, вклучувајќи ги тука и легендарните имиња како Кристијано Роналдо, Леброн Џејмс и Стив Кари.
Сон има огромно влијание и врз цените на билетите за неговиот клуб, надминувајќи го зголемувањето кое го донесе Меси за неговиот клуб Интер Мајами, па така цените за натпреварот против Сан Диего на 1 септември се покачиле од 300 на 1,500 долари.
Влијанието на Сон врз финансиите на клубот веќе се гледаат, но останува она што е најважно, а тоа е неговото влијание на теренот и освојувањето на титули.



