Тренерот на Челси, Енцо Мареска, на денешната прес-конференција пред стартот на Премиер лигата, одговори меѓу другото и на коментарите на тренерот на Ливерпул, Арне Слот.
Имено, Мареска беше запрашан што мисли за коментарот на Слот, кој изјави дека “Челси требало да ја освојат титулата минатата година”.
“Тоа го кажал Слот за нас за минатата сезона? Веќе кажав, не обрнувам внимание што зборуваат другите за нас. Исто така, лесно е да се зборува, но јас не сакам да ги играм тие игри, сакам да бидам фокусиран на нашата игра”.
Челси првиот меч од новата сезона во Премиер лигата ќе го има во недела, против екипата на Кристал Палас, а самодовербата и амбициите на клубот после освојувањето на Светското клупско првенство ова лето се големи во пресрет на натпреварот.



