Францускиот тенисер Теренс Атман денес го совлада фаворизираниот Холгер Руне во мечот од четвртфиналето, со што се пласираше во полуфиналето на турнирот во Синсинати.
23 годишниот Атман, кој е рангиран на 136-то место на АТП листата го победи фаворитот Руне со резултат 6-2, 6-3 во сетови.
Досега, Атман има освоено два Челинџер турнири во Кина и Јужна Кореја, но ова досега е негов најголем успех на главен АТП турнир. Во претходната рунда, тој совлада уште еден фаворит, Тејлор Фритц, а после победа изјави дека “не можел да спие од возбуда”.

И влезот во полуфиналето, каде ќе се соочи со светскиот тенисер број еден, Јаник Синер, е огромен успех за младиот тенисер.
“Мислам дека нема зборови кои можат да опишат како се чувствувам сега. Ова е неверојатно, и да бидам искрен уште не можам да поверувам. Да влезете во полуфиналето на Мастерс 1000 турнир… Исто така, ова се многу пари за мене, па тоа ќе биде доста корисно за мојата кариера. Многу сум емотивен”, изјави Атман после победата.



