Во пресрет на првиот натпревар сезонава во Ла Лига, Барселона објави дека потпишале нов договор со Џулс Кунде, кој ќе остане во каталонскиот тим до 2030 година.
Ова ќе биде четврта сезона за Кунде во Барса, откако тој се приклучи на тимот во 2022 година од Севиља.
Како што велат од клубот, неговата бескрајна енергија и игра на десната страна се клучни во тимот на Ханси Флик. Со неговата игра во одбраната и поврзување на нападот, тој беше еден од хероите во Копа дел Реј против Реал Мадрид минатата сезона.

Минатата сезона тој одигра 53 натпревари за Барселона, а досега за клубот има постигнато седум голови и има освоено пет трофеи, вклучувајќи два Ла Лига, два во Шпанскиот Суперкуп и еден Копа дел Реј.
Неговиот гол во последните минути од финалето на минатогодишниот Копадел Реј ќе остане долго запаметен меѓу навивачите на Барса.



