Кудерметова и Паолини се втората полуфинална двојка во Синсинати

 

Објавено:

Италијанката Јасмин Паолини во тежок четврт-финален меч кој траеше 2 часа и 3 минути, успеа да ја совлада фаворизираната американска тенисерка Коко Гоф.

Гоф, која е втора на ВТА листата, не успеа да ја совлада деветто пласираната Паолини, а резултатот на крајот беше 2-6, 6-4, 6-3 во сетови, во корист на Италијанката.

Извор: https://www.cincinnati.com

Противничка на Паолини ќе и биде Вероника Кудерметова, која откако по потешкиот пат стигна до четврт-финалето, таму ја победи Варвара Грачева со резултат 6-1, 6-2 во сетови.

За Кудерметова ова ќе биде трето полуфинале во ВТА 1000 турнир, а таа сè уште е во потрага по првиот трофеј на голем турнир.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено