Њукасл Јунајтед денес објавија дека го комплетирале трансферот на Џејкоб Ремзи од Астон Вила.
24 годишниот фудбалер е четврто засилување за тимот ова лето, а Ремзи претходно изјавил дека токму Њукасл е негова желба за продолжување на кариерата.
Играчот од средниот ред доаѓа од Академијата на Астон Вила, а прв пат дебитирал за сениорскиот тим во 2019 година. Тој исто така бил дел и од младинските репрезентации на Англија, вклучувајќи го и тимот кој го освои Европското првенство за млади до 21 година, заедно со неговиот сегашен соиграч Ентони Гордон.
Џејкоб оваа сезона ќе го носи дресот со број 41, а после потписот со клубот тој изјави: “Пресреќен сум што сум тука, ова беа луди два-три дена, но сега сум тука и едвај чекам да почнам да играм”.

“Навистина беше тешко да играм за Вила против Њукасл. Тимот е полн со енергија, физички подготвени, а навивачите се навистина страствени. Мислам дека мојата игра одговара на тој стил и навистина сум возбуден што сега сум од другата страна”, изјави Ремзи.
Изјавата на Ремзи сепак се однесува на претходните дуели меѓу двата тима, а тој не играше на вчерашниот натпревар токму меѓу Астон Вила и Њукасл, кој заврши со нерешен резултат.
Jacob Ramsey is a Mag! 🙌 pic.twitter.com/67pTuZXrLm
— Newcastle United (@NUFC) August 17, 2025



