Аморим: “Покажавме дека можеме да го победиме секој тим во Премиер лигата”

 

Објавено:

Манчестер Јунајтед загуби 0-1 од Арсенал на Олд Трафорд, но главниот стратег Рубен Аморим по мечот изјави дека токму ова издание на “црвените ѓаволи” е доказ дека неговиот тим има сила да победи во секој натпревар од Премиер лигата.

Мечот го реши голот на Рикардо Калафиори уште во 13-та минута, кога по корнерот на Деклан Рајс, голманот Алтај Бајандир лошо интервенираше, а Италијанецот ја смести топката во мрежата од непосредна близина.

Иако резултатот не беше на нивна страна, Јунајтед доминираше во статистиката: 61% посед на топката и дури 22 шута, од кои седум во рамките на голот. Сепак, Арсенал го имаше својот херој, Давид Раја кој со седум одбрани ја заслужи наградата за играч на натпреварот и го остави Јунајтед без гол.

“Денес покажавме дека можеме да победиме секој, особено против голем тим како Арсенал. Ние бевме подобриот тим. Чувството е дека одигравме подобро, но на крај загубивме. Сепак, горд сум на трудот што го вложија играчите”, изјави Аморим.

Тој се осврна и на ситуацијата со Расмус Хојлунд, кој не беше во составот, што отвори прашања за неговата иднина: “Се бориме за места во тимот, ќе видиме што ќе се случи на пазарот. Хојлунд има слични карактеристики како Бенјамин Шешко, па понекогаш мора да бираме”, објасни тренерот.

Извор: https://x.com/ManUtd

Новото засилување, словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко, дебитираше во официјален меч за Јунајтед откако во неодамна пристигна од Лајпциг за 76,5 милиони евра (плус бонуси). Тој влезе во игра во 65-та минута и донесе свежина во нападот.

Во составот немаше место ниту за Андре Онана. Камерунецот не одигра ниту еден претсезонски натпревар поради повреда на задната ложа, но пред стартот на дербито, Аморим потврди дека голманот се враќа во тренажен процес:
“Не го исфрлив Онана од составот, но едноставно не можев да го ставам во тимот со само една недела тренинг без ниту една одиграна минута”, истакна Португалецот.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено