Колку и да изгледа мала приказната за фудбалскиот клуб Моркам, сепак ни претставува особено задоволство да пишуваме за инспиративни фудбалски приказни, а денес една таква имаше среќна разврска.
Имено, после целосното блокирање на работењето на Моркам, англиски фудбалски клуб со 105 годишна традиција, денес комитетот на Националната лига објави дека било дозволено клубот да премине во сопствеништво на “Panjab Warriors”.
Oдлуката клубот да биде продаден на инвестициската група претставува спас за клубот со вековна традиција, кој ова лето доживеа тотален колапс како последица на лошото финансиско менаџирање од страна на сопственикот Џејсон Витингам.
После големиот политички и јавен притисок, тој конечно се согласил да ги продаде своите акции во клубот на новиот сопственик, со што се прекина суспензијата на тимот.

Ова е редок случај на победа на мал клуб, за разлика од малите клубови како Бјури кој во 2019 година се соочи со ликвидација поради лошото финансиско водење. Спасот на Моркам директно зависеше од инвестицијата на “Panjab Warriors”, и покрај ембаргото за трансфер поради неисплатените долгови кон играчите, вработените и инвеститорите.
Навивачите и нивната пасија кон клубот беа клучни за одлуката на Националната лига, а со расчистување на долговите клубот ќе може да продолжи со игра.
𝗠𝗢𝗥𝗘 than just a club, 𝗠𝗢𝗥𝗘 than just a ticket, 𝗠𝗢𝗥𝗘 than just a community.#UTS 🦐 | #ThisMeansMore pic.twitter.com/8kEgsio7cF
— Morecambe FC (@MorecambeFC) April 20, 2025



