Преглед на денешните мечеви во Премиер Лигата: Арсенал, Јунајтед, Челси…

 

Објавено:

Денес во рамките на првото коло од Премиер лигата се одиграа три натпревари, а можеби најинтересен за гледачите беше оној меѓу ривалите Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Иако Манчестер после подолго време одигра сосема добар натпревар, сепак не успеа да постигне погодок во голот на расположениот Давид Раја, кој со седум одбрани заслужено беше играч на натпреварот.

Арсенал пак, од друга страна не покажаа некое посебно издание, но благодарение на голманот од домашниот тим и неговата грешка, успеаја да дојдат до еден погодок преку Калафиори уште во 13-та минута, со што го заокружија и конечниот резултат.

Светскиот шампион од Клупското првенство, Челси, не успеа на домашен терен да дојде до погодок против тимот на Кристал Палас. Овој натпревар заврши без голови, со нерешен резултат од 0:0.

Следната шанса за првата победа Челси ќе ја бараат на гости кај Вест Хем, на 22 август, но ќе мора да променат нешто во играта што ја прикажаа денес доколку сакаат да ја остварат таа цел.

Најмногу голови денес беа постигнати на натпреварот меѓу Нотингем Форест и Брентфорд, каде конечниот резултат беше 3:1 за домаќините. Првиот погодок за Форест дојде уште во 5-та минута од натпреварот преку Крис Вуд, кој во самиот финиш од првото полувреме (47 минута) постигна уште еден погодок. Само пет минути претходно, за домаќинот гол постигна и Дан Ндоје во 42-та минута.

Гостите од Брентфорд, го постигнаа својот погодок од белата точка во 78-та минута, а пеналот го реализираше Игор Тијаго.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено