Препознатливата “црвено-црна” боја ќе добие нов дизајн за претстојните две сезони на ракометниот клуб Вардар.
Како што истакнуваат од клубот, дресот е по повод 65 роденден, а инспирацијата е од Скопското кале, тврдината на градот Скопје, која е симбол на издржливоста.
“Скопското Кале, тврдината на градот Скопје, симбол на издржливоста, на приказната која со децении, со многу труд и емоција ја имаат создавано и се уште ја создаваат генерации на ракометни легенди, спортски работници и навивачи, како и црвено-црните риги, нашиот препознатлив заштитен знак, на секој натпревар, дури и во најтешките моменти нека ги потсетуваат ракометарите на теренот на големината и на славната историја на клубот. Нека им бидат поттик и патоказ кон враќањето на тронот!”, се вели во објавата на клубот.
Погледнете ја видео објавата во продолжение.



