Контраверзниот формат на мешани двојки кои ќе се натпреваруваат на овогодинешното издание предизвика вистински реакции кај тениската јавност ова лето.
Но, натпреварите ќе се случат, а УС Опен сега го објави и распоредот на натпреварите.
Па така, Ема Радукану и Карлос Алкараз на почетокот ќе се сретнат со Џесика Пегула и Џек Дрејпер, Олга Даниловиќ и Новак Ѓоковиќ ќе играат против Мира Андреева и Данил Медведев.
Интересно е што првата партнерка на Јаник Синер, Ема Наваро се откажа од натпреварувањето, но тој сега најде нова партнерка, па заедно со Катерина Синиакова ќе се соочи со Белинда Бенчиќ и Александер Зверев.
За натпреварувањето на терените ќе се врати и Венус Вилијамс, која заедно со Рејли Опелка ќе игра против Каролина Мучова и Андреј Рублев.
Погледнете ги сите парови кои ќе се сретнат на стартот од натпреварите во мешани двојки.




