Иако многумина се надеваа дека ќе гледаат уште едно спектакуларно финале меѓу двајцата добро познати ривали, сепак финалето на турнирот во Синсинати за жал заврши предвреме, онака како што никој не посакуваше.
Имено, уште во првиот сет Јаник Синер не се чувствуваше добро, па Карлос Алкараз брзо дојде до резултат од 5:0. Но, откако се направи медицинска пауза за физиотерапевтот да го прегледа Синер, сепак беше одлучено дека Италијанецот нема да може да продолжи.

Со тоа Карлос Алкараз службено го доби мечот и стана шампион во Синсинати. Иако ова е многу значајна победа во однос на разликата со прворангираниот Синер, сепак ваквата победа воопшто не беше за славење, па Шпанецот побрза да го утеши својот пријател и ривал на теренот.
Се надеваме дека Синер ќе се чувствува подобро на време за УС Опен, а сега е под знак прашање дали ќе настапи на натпреварите во мешани двојки, чии мечеви треба да почнат веќе утре.
Heartbreaking 💔
Get better soon, @janniksin 🙏 pic.twitter.com/KMGSxJpEwG
— Tennis TV (@TennisTV) August 18, 2025





