Џек Грилиш дебитираше во дресот на Евертон на вечерашниот натпревар

 

Објавено:

Фудбалерот кој пристигна ова лето во Евертон на позајмица од Манчестер Сити, вечерва го имаше својот деби настап во (потемно) синиот дрес.

Грилиш влезе во игра во 71-та минута од натпреварот, но не успеа да му помогне на својот нов тим да дојде до погодок и да го избегне поразот на гостувањето кај Лидс Јунајтед. Вечерва тој помина околу 20 минути на теренот, но за тоа време имаше минимален ефект врз играта и не успеа да забележи погодок или асистенција.

Извор: https://x.com/brfootball/

Своевремено Грилиш беше еден од најскапите трансфери во Премиер лигата, вреден 100 милиони фунти, но во последните сезони не се снајде баш најдобро во стилот на игра на Пеп Гвардиола.

Во својата досегашна кариера во Премиер лигата тој има одиграно вкупно 265 натпревари, во кои има постигнато 35 погодоци и реализирано 42 асистенции.

Извор: https://x.com/brfootball/
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено