13.8 C
Skopje

После 7 години, Пелистер денес славеше на гости во Струмица!

Објавено:

После цели седум години, Пелистер попладнево успеа да слави против Брера на гостински терен во Струмица. Битолчани после отворањето на сезоната со поразот од Вардар во Скопје, на второто гостување успеаја да дојдат до посакуваната победа со резултат 1:2.

На дело на натпреварот го видовме и воведувањето на ВАР технологијата во Првата македонска фудбалска лига, кога во првото полувреме беше прегледуван можен пенал за Пелистер и поништен гол на домаќините поради прекршок.

Извор: https://www.ffm.mk/

Сепак, во второто полувреме сепак имаше пенал за Битолчани, па тие поведоа во 48-та минута со реализацијата на погодокот од белата точка од страна на Мирко Ивановски.

Гостите го зголемија водството во 73-та минута преку Бошковски, а домаќините го ублажија поразот само три минути подоцна со голот на Антовски. Со овој натпревар се затвори и второто коло во ПМФЛ.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено