Со уште две недели до затворањето на летниот трансфер прозорец во Премиер лигата, клубовите се на пат да ги срушат сите рекорди на трошење летово.
Според “FootballTransfers.com”, англиските клубови од првата лига веќе потрошиле 2,26 милијарди фунти на играчи, откако прозорецот се отвори во јуни.
Ова зголемување е за дури 12,7% повеќе од она лани, кога беа потрошени речиси 2 милијарди помалку. Рекордот за сега го држи сумата од 2,36 милијарди во 2023 година, но се очекува со уште неколкуте трансфери до крајот на овие две недели, оваа сума да биде надмината.
Доколку се реализираат и некои од големите трансфери како Исак во Ливерпул, сумата значително ќе порасне, а тука се и уште неколку други трансфери во очекување.

Како и секогаш, Премиер лигата се најголемите “трошаџии” во светот на фудбалот, па тие и ова лето потрошиле повеќе од сите други големи европски лиги заедно.
Но, клубовите во Премиер лигата потрошиле дури 1 милијарда повеќе од заработката во продажбите. Единствената друга европска лига која е во негативно салдо е шпанската Ла Лига, каде клубовите потрошиле 35 милиони повеќе од што добиле од продажбите.
После Премиер лигата, втора по трошење летово е италијанската Серија А, каде биле потрошени 906 милиони евра (783 милиони фунти, за споредба), но сепак тоа е далеку помалку од англиската.



