Изгледа дека сепак не му беше судено на Јаник Синер да учествува во овогодинешното издание на натпреварите во мешани двојки на УС Опен.
Најпрво, неговата првична партнерка за двојките, Ема Наваро го откажа своето учество, а кога сите мислеа дека и Синер ќе се откаже, тој најде нова партнерка, па се спои со Катерина Синиакова.
Сепак, после вчерашното откажување во финалето на турнирот во Синсинати, светскиот рекет број еден мораше да го откаже и учеството на денешните натпревари во мешани двојки.
Како што кажа и самиот тој во интервјуто, “потребни ќе му бидат неколку денови одмор”, а турнирот во двојки е закажан за денес и утре во Њујорк. Но, сепак се очекува Синер да биде подготвен за време на официјалните натпревари, каде ќе ја брани минатогодишната титула.



