Алкараз и Радукану, Ѓоковиќ и Даниловиќ поразени во мешани двојки

 

Објавено:

Иако турнирот во мешани двојки на УС Опен нема некое особено значење освен чиста забава за публиката и големи парични награди за играчите, сепак јавноста будно ги следеше некои од фаворизираните двојки.

Можеби најзборуваната двојка беше онаа на Карлос Алкараз и Ема Радукану, кои покрај на теренот се поврзуваат и приватно, но тие денес изгубија во мечот против Џесика Пегула и Џек Дрејпер со резултат 4-2, 4-2 во сетови.

Интересен беше и мечот на српската двојка Новак Ѓоковиќ и Олга Даниловиќ, кои исто така беа поразени во дуелот против руската двојка Мира Андреева и Данил Медведев со 4-2, 5-3 во сетови.

Подоцна во четвртфиналето Андреева и Медведев ги совладаа и американско-британската двојка Пегула и Дрејпер. Во американското четвртфинале, Колинс и Харисон успеаја да ги совладаат сонародниците Таунсенд и Шелтон за влез во утрешното полуфинале.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено