Реал Мадрид до првата победа во новата сезона на Ла Лига

 

Објавено:

Реал Мадрид вечерва го играше премиерниот натпревар во новата сезона на Ла Лига против тимот на Осасуна. Мбапе од пенал погоди за доволно водство и победа од 1:0.

Но, каква и да е победата, тие сепак обезбедија три поени на домашен терен на стадионот Сантијаго Бернабеу. Ова беше прв меч за новиот стратег Чаби Алонсо, а “Кралевите” доминираа во текот на целиот натпревар, иако не успеаја да погодат од игра.

Првото полувреме помина без погодоци, а веќе на стартот од второто полувреме, Мбапе погоди од белата точка во 51-та минута, резултат кој остана и до самиот крај на мечот.

Во текот на натпреварот, играчите на Реал имаа неколку шанси како онаа на Карерас во 7-та минута, Милитао во 26-та минута, како и неколку обиди на Мбапе.

Погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот:

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено