Иако сезоната веќе започна и клубот на Барса настапи во старите зелени дресови на гостувањето во Мајорка, вчера каталонскиот гигант ги претстави своите нови трети дресови за оваа сезона.
Како што велат од клубот, дресот е инспириран од големината на победничката Барса, а овој пат тој ќе биде во портокаловата боја или поточно како што е опишан на нивната веб страна во “светла манго боја”.

Дизајнот е инспириран од портокаловиот дрес кој го носеа првотимците на Барса за време на Светското клупско првенство во декември 2009 година. Таа победа ја заокружи историската шесткратна титула сезоната и беше кулминација на стилот на игра кој остави силен печат во историјата на фудбалот.
Дресот е создаден во соработка со спортскиот бренд Најк, кои остануваат партнери на Барселона и во оваа сезона. Погледнете го промотивното видео за инспирацијата зад дизајнот.
Inspired by the greatness of a winning Barça, we are shaping the future 🧡 pic.twitter.com/OKNaWOJZXw
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 19, 2025



