Фраерски потег: Фудбалерот на Лидс ги платил сметките за пиво на навивачите

 

Објавено:

Фудбалерот на Лидс Јунајтед, Џек Харисон, пред првиот натпревар сезонава на неговиот тим на домашен терен против Евертон, направил потег кој сега му донесе слава на социјалните мрежи.

Имено, Харисон оставил голема сума на пари во најпознатиот бар каде се собираат навивачите на Лидс пред натпреварите, наречен “The Moot Arms”, за навивачите да се напијат пиво на негова сметка пред натпреварот за враќање во Премиер лигата.

Тој оставил и сума од 2.500 фунти и во втор бар, “The Old Peackock”, за навивачите кои не успеале да најдат место во првиот бар.

Вистински фраерски потег на Харисон и покажување дека врската со навивачите е многу важна за клубот и играчите.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено