Повеќе од фудбал: Трогателната приказна за навивачот на Сандерленд

 

Објавено:

Кога некој играч ќе дојде да игра за фудбалски клуб, тој не влегува само во тим кој освојува трофеи и победува натпревари. Тој влегува во приказна која значи многу за навивачите, во историја и традиција, во духот на еден град, во приказните од трибините кои инспирираат или трогнуваат…

Таква една приказна денес споделија на официјалниот профил на Премиер лигата, за навивачот Џек кој бил страствен поддржувач на Сандерленд. За жал, Џек починал после срцев удар во 2024 година, на само еден месец пред неговиот 30-ти роденден.

Но, неговиот пријател Алан решил дека треба да го одржува неговиот спомен, па му напишал писмо на играчот Вилсон Исидор, кој трогнат од приказната отишол да ја посети неговата мајка Џеки.

Сите заедно, во спомен на Џек присуствуваа и на првиот натпревар кој Сандерленд го играше после осум години отсуство од елитното натпреварување.

Оваа приказна раскажува колку за некои навивачи фудбалот е многу повеќе од спорт… Погледнете го емотивното видео.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено