Дебитантот во редовите на тимот на Мерцедес во Форумла 1, Кими Антонели, овој викенд за прв пат ќе се појави пред домашната публика, на само неколку километри од неговиот дом во Болоња.
Младиот Италијанец изјави дека ова ќе биде посебна трка за него, бидејќи ќе отиде на патеката од својот дом, каде ќе биде опкружен со најблиската фамилија. Интересно е и што Кими сè уште е ученик, па бидејќи пропуштил многу екскурзии со своите соученици, тој овојпат ќе им надокнати со можноста да го гледаат како се трка, па обезбедил специјални влезници за целиот клас.
За оваа пригода Антонели доби и специјална кацига, со посвета на неговиот идол Аиртон Сена на задниот дел. Веруваме дека ова ќе биде особено емотивна дебитантска трка на домашната патека во Емилија Романа, па се надеваме дека најмладиот возач на гридот ќе успее да дојде до посакуваните резултати, а можеби и до првата победа во Формула 1 во неговата кариера.

