Макс Верстапен не простува ниту со количка за голф! (Видео)

 

Објавено:

Што прави четирикратен светски шампион кога ќе се најде зад поспоро возило? Истото што го прави и на патеката, претекнува. Без разлика дали се работи за болид од 1000 коњски сили или количка за голф.

Во урнебесно видео кое стана хит, Макс Верстапен е снимен како ладнокрвно го претекнува возилото пред него, сечејќи преку тревата, за потоа елегантно да се врати на патеката. Сето тоа, секако, во духот на легендарната изрека на Аиртон Сена: “Ако повеќе не одиш на простор што постои… повеќе не си тркач”.

Реакциите на фановите беа очекувани: “Казна од 10 секунди за напуштање на патеката и стекнување предност”, “ОК Макс, сега ќе мора да ја вратиш позицијата”, “Ако има тркала, мора да се трка”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Race (@wearetherace)

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено