РК Алкалоид продолжува да ја гради својата победничка приказна – македонскиот тим е освојувач на 31. меморијален турнир “Јоже Шилц”, кој овој викенд се одржа во Словенија.
Во финалето одиграно вечерва, избраниците на Алкалоид славеа над домашниот состав РД Рико Рибница со 35-32, освојувајќи го големиот трофеј.
Патот до финалето беше совршен: Алкалоид претходно ги совлада и екипите на Шкофја Лока и Слован, со што уште еднаш потврди дека е во одлична форма на почетокот на новата сезона.
Овој успех е уште повпечатлив ако се има предвид дека тимот ја заврши серијата на контролни натпревари со максимален ефект, односно седум победи на седум меча.
Со победата во Словенија, Алкалоид испраќа силна порака дека е подготвен за новите предизвици во домашното и европското натпреварување.



