(Видео) Неверојатен камбек на Барса, за победа над Леванте!

 

Објавено:

Леванте и Барселона вечерва ни приредија вистинско фудбалско уживање во рамките на второто коло од Ла Лига. Она што започна како сон за победа на домашниот тим, заврши со три бода за гостите во последните минути од натпреварот.

Откако Леванте поведе со 1:0 уште во 15-та минута со голот на Ромеро, во седмата минута од судиското продолжение во првото полувреме од белата точка погоди и Хозе Луис Моралес, со што Леванте заминаа на паузата со големи два гола предност.

Но, Барселона не е тим што се откажува лесно од победата, а тоа го докажаа и вечерва, па во второто полувреме излегоа со нова решителност што се покажа како плодна уште во 49-та минута преку голот на Педри за намалување на разликата на 2:1.

Извор: https://x.com/FCBarcelona

Само три минути подоцна Феран Торес стрелаше за израмнување на резултатот од 2:2. Но, кога сите мислеа дека ова ќе биде конечниот скор на натпреварот и дека двата тима ќе ги поделат бодовите, Унаи Елгезбал со автогол во 91-та минута им ја донесе победата на гостите.

Погледнете ги сите најинтересни моменти од натпреварот тука.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено