“Јуда!”: Навивачите на Тотенхем го уништија муралот на Езе

 

Објавено:

Пред неколку денови пишувавме дека само што беа објавени гласините за трансферот на Езе во Арсенал веднаш осамна мурал со неговиот лик покрај стадионот.

Но, навивачите на Тотенхем сè уште се револтирани затоа што Арсенал им го “украде пред нос” играчот кој веќе беше во сериозни преговори да премине во нивниот клуб од Кристал Палас, па вечерва уметникот објави дека муралот е уништен.

“Целиот овој труд го снема за неколку секунди – тоа е нешто како чувството што го имаат Тотенхем во врска со трансферот на Езе. Но, ќе се вратиме наскоро”, напиша уметникот.

На фотографијата се гледа муралот сега покриен со бела боја, покрај која е напишан зборот “Јуда”.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено