2.8 C
Skopje

(Видео) Кога ќе изгубиш 4:1, а новинарката ќе те праша дали си среќен…

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

По тешкиот пораз од 1:4 на домашен терен од Ајнтрахт Франкфурт, капитенот на Вердер Бремен, Марко Фридл, застана пред камерите за да даде изјава. Но, имаше еден мал, но клучен детаљ. Фридл веќе го имаше разменето дресот со голманот на Франкфурт, Михаел Цетерер, па пред камерите застана во дресот на противничкиот голман.

Очигледно, ова целосно ја збуни новинарката на Sky Sports, која не само што не го препозна капитенот, туку и му честиташе за “победата”.

Одговорот на Фридл беше краток, саркастичен и апсолутно легендарен: “Јас сум играч на Вердер Бремен, ако случајно не знаете”.

Овој гаф предизвика лавина од хумористични коментари на социјалните мрежи: “Замисли да изгубиш 1:4 и да те прашаат дали си среќен со победата”, додека друг фан заклучи: “Замисли да те плаќаат да известуваш за фудбал, а да не знаеш ни кој за кој тим игра. Спортското новинарство умира”.

Погледнете го моментот што го “запали” интернетот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено