Хеунг-Мин Сон на вистински начин го започна новото поглавје од својата фудбалска кариера во МЛС лигата. Откако летово се пресели од Тотенхем во ЛАФЦ, тој вчера на својот премиерен настап постигна неверојатен гол од слободен удар.
Неговата популарност во Лос Анџелес и во САД воопшто е огромна, а скромниот фудбалер ги израдува бројните фанови со вистинско ремек-дело на теренот.
Иако натпреварот против Тексас заврши со нерешен резултат од 1:1, од клубот се надеваат дека Сони ќе им помогне да напреднат значително оваа сезона, со оглед на тоа дека тие досега беа сметани за послабиот клуб од Лос Анџелес, после Галакси, каде своевремено играше Дејвид Бекам.
Погледнете го деби голот на Сон во МЛС лигата од различни агли.
SON HEUNG-MIN’S FIRST MLS GOAL IS A WORLDIE! 😱 pic.twitter.com/JaOwvhk3V9
— Major League Soccer (@MLS) August 24, 2025
Top shelf from Sonny 🎯 pic.twitter.com/zZW7RsZuCI
— LAFC (@LAFC) August 24, 2025



