Оливие Жиру направи изненадувачки камбек на европската сцена, откако одреден период реши да игра во МЛС лигата. На 38 години тој се врати на домашен терен, во француската лига, а стартот во Лил е повеќе од одличен.
Тој на вечерашниот натпревар против Монако успеа да погоди во 91-та минута за победа на Лил од 1:0, на домашен терен.
Ова е втор гол во двата натпревари за Лил, а очигледно славниот француски фудбалер сè уште во себе има страст за играта и покрај тоа што многумина очекуваа дека после МЛС лигата тој ќе се пензионира.






