Најголемите изненадувања од првата рунда на УС Опен

 

Објавено:

Првиот ден на Отвореното првенство во тенис, кое е најголемото натпреварување во САД, ни донесе многу возбудувања во женската конкуренција, но и изненадувања кои ги исполнија срцата на тениските фанови ширум светот.

Најпрво, сосема очекувано првата светска тенисерка, Арина Сабаленка успешно ја помина првата фаза од натпреварувањето, совладувајќи ја Ребека Масарова со 7-5, 6-1 во сетови.

Од фаворитките успешно помина и десетто рангираната Ема Наваро, која во натпревар со поголем предизвик ја совлада Јафан Ванг со 7(11)-6(9), 6-3 во сетови.

Џесика Пегула без никакви проблеми ја совлада Мајар Шериф со 6-0, 6-4, а победа забележа и Белинда Бенчиќ над Жанг со 6-3, 6-3 во сетови. Лесна победа имаше и Ема Радукану, која со 6-1, 6-2 во сетови ја совлада Ена Шибахара.

Најголемите изненадувања дојдоа од Александра Еала, која успеа да ја совлада Таусон, откако губеше со 1-5 во третиот сет. Со тешката победа од 6-3, 2-6, 7(13)-6(11) во сетови, таа стана првата Филипинка која остварила победа во главната фаза од Гренд Слем турнир во новата ера на турнири.

И Џенис Тјен од Индонезија предизвика големо изненадување, кога успеа да ја совлада фаворитката Кудерметова, која е 24-то пласирана на ВТА листата. Со победата од 6-4, 4-6, 6-4 во сетови, таа и ја донесе на Индонезија првата победа во последните 22 години на големите натпреварувања.

Таа во следната фаза ќе се сретне со британската број еден тенисерка, Ема Радукану, во обид за испишување на нова историја.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено