На денешен ден: Михаел Шумахер дебитираше во Ф1. Останатото е историја!

 

Објавено:

На денешен ден, 25 август, 1991 година, на сцената на Формула 1 својот пат го започна легендарниот возач Михаел Шумахер.

Пред точно 34 години, Германецот за прв пат седна зад болидот на Џордан за Големата награда на Белгија, а останатото во неговата кариера е историја.

Кариерата на Шумахер продолжи до 2006 година, а во 2010 година тој се врати назад на гридот за дополнителни две години. Тој е возачот со рекордни седум титули освоени во Формула 1, нешто што го достигна и Луис Хамилтон во 2020 година, па сега двајцата го делат првото место во историјата на спортот.

Извор: https://x.com/autosport

Неговиот тркачки живот започнал под влијание на неговиот татко, кој работел на локалната картинг патека, па тој често можел во друштво на неговиот татко да види како се работи на тркачките картинг автомобили.

Пасијата за работата на механичарите го следеше и низ целата негова кариера, а тој беше познат по тоа што поминуваше по цели ноќи со механичарите работејќи на подобрување на неговиот болид.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено