Гордон се извини на соиграчите, навивачите и Ван Дајк

 

Објавено:

Играчот на Њукасл Јунајтед, Ентони Гордон, на вечерашниот дуел со Ливерпул на домашен терен доби црвен картон во завршницата на првото полувреме, после стартот над Вирџил Ван Дајк.

Гордон кој играше на неприродна позиција за него, поради отсуството на Александер Исак, после натпреварот на Инстаграм напиша дека бил понесен од атмосферата на Сент Џејмс Парк.

“Најискрено сакам да се извинам на моите соиграчи и навивачите. Моите намери беа чисти. Само сакав да создадам енергија во играта и погрешно го проценив моментот. Сакам да му се извинам и на Вирџил, никогаш намерно не би повредил некого. Зборувавме после натпреварот и тој го знае тоа”, напиша играчот на Њукасл.

Тој додаде и дека е горд на играта која ја прикажаа вечерва, и додаде дека ќе се врати подобар после наложеното отсуство од три недели.

“Она што е најважно е дека сум горд на времето поминато на теренот и како игравме вечерва. Атмосферата од сите вас е она што го прави Сент Џејмс Парк посебно место. Го сакам сето она кое го претставуваме како клуб, сега повеќе од било кога. Ќе се вратам подобар, како и после секој пат кога сум се соочил со назадување. Се гледаме наскоро”, додаде тој.

Извор: https://www.instagram.com/anthonygordon
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено