Ливерпул вечерва срушија два клупски рекорди!

 

Објавено:

Драматичната победа во последната минута од мечот, кој траеше цели 111 минути, со голот на младиот играч на Ливерпул Рио Нгумоха, донесе и нов клупски рекорд.

Имено, Рио со тој погодок стана најмладиот играч во 133 годишното постоење на клубот кој постигнал гол, а четврт во целокупната историја на Премиер лигата, после Џејмс Воган, Џејмс Милнер и Вејн Руни.

Разликата на Рио со Вејн Руни е само еден ден, односно Рио го постигна голот со 16 години и 361 ден, наспроти Руни кој постигна гол на 16 години и 360 дена.

Вториот рекорд на клубот е оној за постигнати погодоци на гостински натпревари. Со денешните голови, Ливерпул запиша неверојатни 22 натпревари во низа на кои има постигнато погодок на гостински терен, што е најдобар резултат во историјата на клубот.

Па, после спектакуларната, но тешка победа против Њукасл, навивачите и играчите на Ливерпул имаат навистина што да слават.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено