Арне Слот: “Не сум сигурен дека вечерва се играше фудбалски натпревар”

 

Објавено:

После интензивниот натпревар кој се одигра во рамките на второто коло од Премиер лигата помеѓу тимовите на Њукасл Јунајтед и Ливерпул, тренерот на гостите, Арне Слот, додаде на тензиите со провокативната изјава за “SkySports” после мечот.

“Вие велите фудбалски натпревар (во прашањето). Не сум многу сигурен дека видов фудбалски натпревар вечерва”, одговори Слот мислејќи на судирот помеѓу двата тима во натпреварот кој имаше убедливо најголем број на фаули од стартот на сезоната.

Во продолжение на коментарот, тој додаде: “Мечот немаше многу врска со тактика, но задоволен сум колку бевме цврсти. Многу тешко прво полувреме, но воопшто не опаднавме во играта, останавме силни”.

“Би очекувале дека тоа што останаа со играч помалку би било голем плус за нас, но кога голманот го фаќа секој слободен удар, тогаш не прави многу разлика дали сте со играч повеќе на теренот, па сепак беше тешко и во второто полувреме да дојдеме до победата”, вели за крај Слот.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено