Капитенот на Њукасл Јунајтед, Бруно Гимараеш, вчера имаше извонредно издание на натпреварот против Ливерпул пред домашната публика на Сент Џејмс Парк.
После целото лето во кое клубот беше предмет на шеги поради одбиените трансфери, сагата со напаѓачот Александер Исак и ривалството на трансфер-пазарот токму со Ливерпул, атмосферата беше наелектризирана уште од самиот старт на мечот. Но, иако одиграа одлично, а можеби во поголемиот дел од натпреварот и подобро од гостите, сепак Њукасл загубија во последните минути од долгото судиско надополнување.
Бруно во разговорите со медиумите после натпреварот, не го криеше своето разочарување од резултатот, но и гордоста од играта на својот тим.
“Чувствата се многу измешани. Никогаш не е лесно да играте против нив, особено кога имате играч помалку повеќе од 55 минути на натпреварот. Беше многу тешко, но дадовме сè од себе да се вратиме во резултатот”, изјави капитенот.
Тој додаде: “Ова е само почетокот на сезоната. Имавме тешки први два натпревари, но ова е одлична порака за нашите навивачи дека никогаш нема да се откажеме. Имавме одличен менталитет, но мора да бидеме подобри”.
“This is a great message for the fans that we will never give up.” 🗣️
Proud to have you as our captain, @brunoog97 🫶 pic.twitter.com/otsY1nDYzV
— Newcastle United (@NUFC) August 25, 2025



