Светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер, денеска со триумф го отвори својот настап на Отвореното првенство во Њујорк, каде ќе ја брани титулата од минатата година.
Тој во експресен меч го совлада противникот Вит Коприва, за победа од 3:0 или 6-1, 6-1, 6-2 во сетови со што го најави победничкиот поход и оваа година.

Синер кој се повлече во финалето против Карлос Алкараз на турнирот во Синсинати поради болест, сега изгледа дека се враќа во топ форма.
Можеби најинтересен меч на денешниот репертоар беше оној помеѓу Матео Арналди и Франциско Серундоло. Италијанецот Арналди водеше со 2:0 во сетови (6-3, 6-4), по што Аргентинецот го приреди можеби најневеројатниот пресврт во наредните три сета, за победа на мечот со 2:3.

Утре веќе започнуваат натпреварите и од втората рунда, а на тениското мени на УС Опен, меѓу другото, ќе го гледаме Новак Ѓоковиќ против Закари Свајда, Тејлор Фритц против Лојд Харис и Карлос Алкараз против Матија Белучи.



